Македонија се приклучи во одбележување на Европската недела на движење

Од:

Пет македонски града во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање се вклучија во европската кампања за одбележување на Европската недела на движење за 2014 година.

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопшти дека во одбележувањето на европскиот Ден без автомобили поддршка дале и повеќе градови, невладините организации, институции и јавни личности од Македонија.

За најуспешен град во Европската недела на движење 2014 на синоќешната свеченост во Брисел, каде присуствувале претставници на Министерството и Град Скопје бил прогласен шведскиот град Остерсунд.

– Градот Скопје со активностите кои ги спроведе во насока на намалување на загадувањето предизвикано од прекумерна употреба на автомобили, со пронаоѓање и реализирање на нови транспортни и инфраструктурни сообраќајни решенија, со создавање услови за помасовно користење на јавниот превоз и велосипеди, пуштање во употреба на електромобили и електровелосипеди за туристичка намена и други активности, од европското семејство на градови беше препознат како еден од 10-те најуспешни од вкупно 377, кои конкурирале за наградата, информира МЖСПП.

Посебно внимание, како што е наведено, предизвикала андроидната апликација Skopje Green Route со која на жителите и минувачите во главниот град им се дава можност да направат избор на најдобар, најефтин и најеколошки вид транспорт во градот, а која беше презентирана во рамките на работилницата на која се претставуваа градовите и државите.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска