Ципрас и испратил писмо на Меркел

Од:

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас во писмо ја предупредил германската канцеларка, Ангела Меркел дека нема да биде во можност да го сервисира јавниот долг без финансиска помош од ЕУ, пишува „Фајненшл тајмс“.

Британскиот медиум наведува дека имал увид во писмото од 15-ти март во кое Ципрас предупредува дека неговата влада ќе биде принудена да избира помеѓу исплата на долг пред се од Меѓународниот монетарен фонд и продолжение на трошоците за социјалните програми.

-Со ова писмо ве повикувам да не дозволите мали проблеми со прилив на пари и одредена институционална инертност да станат голем проблем за Грција и Европа-напишал тој.

Меѓународните кредитори минатиот месец се согласија да продолжи програмата за помош на Атина од четири месеци, во замена за продолжение на реформи. На минатонеделниот самит во ЕУ, Грција апелираше Брисел да и исплати средства од пакетот за да може да продолжи да ги плаќа долговите, избегне банкрот и евентуелен излез од еврозоната.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени