Шпанските архитекти Хозе Селгас и Лусиа Кано креираа канцеларија со аеродинамичен облик, во која вработените имаат чувство дека работат во шума.
Половина од канцеларијата на компанијата „Селгаскано“ е вкопана во земја во шума во близина на Мадрид, што овозможува пријатна температура за време на летните денови.
Долгиот прозорец ја елиминира потребата за вештачко осветлување преку ден, а во исто време овозможува и свеж шумски воздух.
Другата половина од објектот е обложена со затемнето стакло кое ги штити вработените од директниот контакт со сонцето и обезбедува пријатна температура.