Предлог-законот за таблети за студентите на собраниска седница

Од:

Предлог-законот за издавање вредносни бонови-ваучери, по скратена постапка, е на дневниот ред на денешната 40 – та собраниска седница.

Со Законот се предлага издавање вредносни ваучери за таблет компјутери со надворешна тастатура за редовните студенти од семејства во кои месечните приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход и кои првпат се запишани во трета и четврта  година на студии  на високообразовните установи, како и  за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани во било која  година на студии.

Предлогот за донесување на законот меѓу другото се смета дека и директна стимулација за компаниите кои се дел од ИТ секторот.

За спроведување на овој закон се потребни 96.000.000 денари, средства кои се обезбедени од Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација.

Пратениците ќе расправаат и за Законот за административни службеници и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието