Нишани: Црна Гора е голем пријател на Албанија

Од:

Претседателот на Албанија Бујар Нишани изјави денеска дека за Албанците, Црна Гора не е само соседна, туку и пријателска земја, со која официјална Тирана споделува заеднички цели и вредности.

Нишани, кој претстојува во дводневна посета на Црна Гора се сретна со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, при што констатираа дека меѓу двете земји нема отворени прашања.

Вујановиќ истакна дека посетата на Нишани на Црна Гора ја доживува како потврда на блискиот, пријателски и добрососедски однос и дополни дека постои отворен простор за унапредување на соработката во многу области.

– Разговаравме за соработката во областа на интегративните процеси. Црна Гора, која е во процес на преговори за пристапување кон Европската унија е подготвена своите искуства да ги сподели со Албанија. Од друга страна, Албанија ja поддржува НАТО интеграцијата на Црна Гора, ѓто за нас е посебно важно, бидејќи Албанија е членка на НАТО и наш сосед, потенцираше Вујановиќ.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија