Убиен познат хрватски адвокат во неговата канцеларија во Осиек

Од:

Две лица се убиени во адвокатска канцеларија денеска во хрватскиот град Осиек, јави БТА.

Според првичните информации еден од убиените е познат локален адвокат Влатко Видаковиќ. Тој е убиен од негов клиент, кој потоа се самоубил.

Хрватската телевизија објави дека центарот на Осиек е пол со полиција и членови на специјалните сили. Во тек е истрага на местото на индицентот.

Адвокатската комора на Хрватска денеска изрази загриженост и револт поради убиството на адвокатот Влатко Видаковиќ во неговата канцеларијат во центарот на Осиек.

Според хрватската адвокатска комора Видаковиќ е осмиот убиен адвокат во Хрватска од 1972 година, како и дека од 1993 година досега физички се нападнати 15 адвокати.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег