Халеп ја намали разликата во однос на Шарапова

Од:

Романската тенисерка Симона Халеп со триумфот на турнирот во Индијан Велс (ја победи Јелена Јанковиќ со 2:1 во сетови) остана на третата позиција на ВТА листата, но ја намали разлика во однос на Марија Шарапова, која се наоѓа на второто место.

Халеп сега има 7.181 поен, или 1.089 помалку од Шарапова (8.270). На првата позиција се наоѓа Серена Вилијамс со 9.982 поена.

Во ТОП 10 нема промени, па следуваат: Петра Квитова, Каролине Возниацки, Ана Ивановиќ, Јуџин Бушар, Агнешка Радванска, Екатерина Макарова и Андреа Петковиќ.

Финалистката Јанковиќ од 21.место направи скок и се проби на 17.место.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на 404.место со 79 поени, додека Магдалена Стоилковска е на делба на 1.215 место со 3 поени. 

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров