Најмалку 11 загинати во автобуска несреќа во Венецуела

Од:

Најмaлку 11 лица загинаа во синоќешната автобуска несреќа во Венецуела, соопштија властите на оваа јужноамериканска земја.

Несреќата се случи кога автобус полн со патници се урнал во една клисура и завршил во езерото Зуата, што се наоѓа на неколку часови возење од главниот град Каракас.

Полицијата која започна истрага за несреќета, засега не знае како дошло до паѓањето на автобусот во езерските води. Но сведоци изјавиле дека возачот наеднаш загубил контрола врз возилото, па автобусот скршнал од патот и се урнал во клисурата.

Несреќата се случила во југозападна Венецуела, а преживеаните и повредените патници се префрлени во болниците на блиските градови Маракај и Ла Викторија.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски