Силни ветрови денеска донесоа огнена стихија во Северна Кореја преку границата со Јужна Кореја, поради што е спречено прекуграничното движење во еден дел од Демилитаризираната зона, каде што се наоѓа заедничкиот индустриски комплекс.
– Околу 50 пожарникари и три хеликоптери се борат да го изгаснат пожарот на јужната страна од Демилитаризираната зона, изјави претставник на јужнокорејскиот пограничен град Паѓу, додавајќи дека пристапот во ова подрачје е ограничен.
Претставник на јужнокорејското Министерство за обединување нагласи дека „двете страни се обидуваат да го стават пожарот под контрола, блокирајќи го пристапот до индустрискиот парк Каесонг.