Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои 50. трофеј во кариерата, откако синоќа во финалето на Мастерсот во Индијан Велс го победи Роџер Федерер со 2-1, по сетови 6:3, 6:7 и 6:2.
Мечот траеше два часа и 18 минути, а со победата, првиот светски рекет намали на 18-20 во меѓусебните дуели со Швајцарецот.
За српскиот тенисер воедно ова беше четврти триумф на овој турнир и втор во низа. Тој во Индијан Велс победуваше и во 2008, 2011 и 2014 година.
Годинава Ѓоковиќ победи и на Грен слемот Австралија Опен.