Дводневна обука за музејски кустоси и водичи со британски експерти

Од:

Британскиот совет во Македонија во соработка со Министерството за култура утре и задутре во „Порта Македонија“ организира обука за управување со постојани музејски поставки и збирки и користење на новите технологии, со цел привлекување публика.

Обуката е во функција на поддршка на проектите на Министерството за култура, кои се однесуваат на воспоставување постојани поставки и осовременување на депоата на националните музејски установи во периодот од 2015 до 2017 година.

Наменета е за кустоси и водичи од 17 национални установи со што оваа категорија вработени лица од областа на музејската дејност ќе стекнат дополнителни знаења и вештини во создавањето на постојаните музејски поставки, повремени изложби, односно предвидување на сите елементи и фази при создавањето на една музејска поставка, од предуслови до завршна реализација, како и примена на современа информатичка технологија при презентација на постојаните музејски поставки и нивната промоција.

– Очекувањата се дека со обновата на поставките ќе се зголеми интересот на јавноста за посета, а со тоа ќе се зголеми приливот на сопствени средства од влезници и музејски производи, кое генерално ќе резултира со подигнување на нивото на развој на музеологијата и поквалитетна промоција на културното наследство на нацинално ниво, информира Министерството за култура.

Дводневната обука ќе ја реализираат консултанти од „Метафор“ од Велика Британија, кои имаат повеќе од 15 години искуство првенствено во културниот сектор, со активности кои им помагаат на институциите во областа на музејската дејност.

Британските консултанти, меѓу кои и Стивен Гринберг, како основач на „Метафор“, ќе го споделат своето искуство во работата со повеќе музеи и изложби во светот и ќе се обидат со учесниците на обуката да разработат примери кои би биле релевантни во локалниот контекст.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза