До пладне гласале 18,02 отсто од француските гласачи на департманските избори

Од:

До пладне, 18,02 проценти од 43 милиони гласачи излегоа да гласаат на департманските избори во Франција, што претставува поголема мобилизираност во споредба со претходните департамнски избори од 2011 година, кога во исто време гласаа 17,7 отсто од гласачите, јавува дописникот на МИА од Париз.

Гласачките места беа отворени во 8 часот изутринава за првиот круг од департмаските избори, на кои најверојатно според сите предвидувања голем број од избирачи нема да се појават, поради лошите резултати на политиката на владата.

Според сите предвидувања владеачките социјалисти на национално ниво, но исто така во департманите (области) ќе треба да изгубат голем број од нив, најчесто во полза на умерената десница УМП, но партијата која вечерва треба да освои најмногу гласови според сите анкети е Националниот Фронт (крајната десница).

Според новата територијална реформа, спроведена од претседателот Франсоа Оланд, целиот состав на департнаското собрание ќе се избира во двата круга на избори, се до 2011 година, секоја трета година се избираше само третина од неговиот состав. Мандатот на департманските советници е шест години.

Начинот на изборот исто така досега е невиден во Франција, во секој од 2.054 кантони (административна поделба на изборните единици во департманите) ќе се избираат биноми (два советници еден маж и една жена двата на иста листа), со цел да има совршена застапеност на двата полови во собранијата. Досега имаше 4.035 канатони, кои беа со помала големина од сегашните, кога од секој се избираше по еден советник.

Овие избори не се однесуваат на Париз и Лион, исто како и во најголемиот број од прекуморските територии и департмани на Франција, каде надлежностите на департманот се наоѓаат под другите органи на територијалните заедници, како Советот на Градот Париз.

Во реформата која најпрво беше најавена од Франсоа Оланд, беше најавено исчезнување на департманите како административна целина, но таа идеја беше напуштена. Истовремено департманите ја изгубија „општата надлежност“ односно можноста да трошат-финансираат акции во сите области. Така раководењето со школскиот транспорт преминува во повисокиот степен на администрацијата – Регионот.

Сепак департманите ја задржуваат надлежноста во значајни области, како одржувањето и изградбата на патната мрежам со исклучок на автопатиштата, основните училишта од 6 до 9 одделение, противпожарната заштита и социјалната заштита, посебно социјалните давачки за невработените.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата