Берлин: Нема конкретен датум за предавање на списокот реформи на Ципрас

Од:

Германската влада не очекува од грчкиот премиер Алексис Ципрас да предаде список со реформи на германската канцеларка Ангела Меркел при посетата на Берлин во понеделник, објави грчкиот сајт њуз.ин, повикувајќи се на Кристијане Вирц, портпаролката на канцеларката Ангела Меркел.

Според Вирц на средбата за време на Европскиот совет во Брисел во четвртокот било потврдено дека договорот во рамки на Еврогрупата од 20 февруари останува основа за разговори меѓу Грција и нејзините партнери, и дека ништо не е променето во однос на постапката за исплата на средства од заемите за Грција.

Нема конкретен датум, ниту пак во понеделник е датумот, на кој треба да биде претставен списокот со реформи. Предложените реформи треба да бидат претставени релативно брзо, изјави Кристијане Вирц.

Портпаролката на Меркел истакна дека последната транша и добивката на ЕЦБ од грчките обврзници ќе бидат предадени на Грција, но само откако ќе заврши проверката за спроведувањето на програмата и по одобрение од Еврогрупата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски