А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривични против тројца скопјани за семејно насилство

by А1он21/03/2015 - 13:46214
Share0

СВР Скопје поднесе кривични пријави против три лица од Скопје поради сомневање за семејно насиство. О.Г.(21) се товари за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, Д.Д.(43) за „телесна повреда“, а Т.Д. (31) за „тешка телесна повреда“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти МВР, на Т.Д. и О.Г. им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.

О.Г. 12 март околу 13 часот и испратил СМС порака на неговата мајка итно да му обезбеди 100 евра, а потоа уште 400 евра за негови лични потреби. Откако таа излегла да му каже дека нема толку пари, тој почнал да и се заканува дека ќе ги нападне неа и целото семејство. Во тој момент, дошол неговиот очув при што во обид да ја заштити сопругата бил нападнат од пријавениот со метален боксирач, но успеал да го одбегне ударот.

Д.Д. во семејниот дом, во алкохолизирана состојба, физички ја нападнал својата сопруга, навредувајќи ја со погрдни зборови и удирајќи ја по лицето и главата. Кога неговата ќерка се вмешала да ги смири, ја нападнал и неа при што и на двете им нанел видливи телесни повреди. Тие веднаш се упатени на лекар.

Следете a1on на Youtube YouTube

Т.Д. завчера околу три часот по полноќ насилно влегол во спалната соба од семејниот стан и од мајка си побарал да му го даде нејзиниот мобилен телефон. Кога таа одбила, почнал да ја удира со тупаници и  клоци по целото тело. Од здобиените удари, мајката паднала на подот, но пријавениот не престанувал со тепањето. Мајката некако успеала да побегне и случајот го пријавила во полиција.

Т.Д., Д.Д. и О.Г. се евидентирани во полициската крим евиденција како сторители на разни видови кривични дела.

mvrsemejno nasilstvo

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он28/07/2026 - 15:55

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз своите мајки

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:29

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Катерина Ѓуровски23/07/2026 - 13:03

Кривична пријава за таткото на Меланија за семејно насилство

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:21

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео