Полиција заплени голема количина оружје пронајдена кај „колекционер“

Од:

Хрватската полиција го уапсила Јосип Ј од Велика Горица кој со години собирал разни видови оружје како колекција, а потоа истото го криел во куќичка за кучиња во дворот од својата куќа.

Тој од 1995 до 2010 година преку оглас купувал огнено оружје, муниција и минско-експлозивни средства, како и делови од оружје, а за својата колекција потрошил десетици илјади куни.

Дел од својот арсенал сокрил во дрвена бочва која што ја закопал во дворот на семејната куќа, додека останатото оружје го сместил во кровот од куќичката за кучиња.

Полицијата запленила две експлозивни направи, 10 рачни бомби, противпешадиска мина, 10 детонатори за рачни бомби, две детонаторски каписли, електродетонатор за противпешадиска мина, 267 парчиња ловечки патрони, 1689 парчиња муниција од различен калибар, неколку пушки и друго оружје.

Против него е покрената кривична пријава поради недозволено поседување, изработка и набавка на оружје и експлозивни направи, а полицијата ги повика и сите граѓани доборволно без санкции да го предадат оружјето.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег