Српската тенисерка Јелена Јанковиќ и Романката Симона Халеп ќе играат во завршниот меч од женскиот дел на турнирот во Индијан Велс.
Јанковиќ избори финале откако во полуфиналето рано наутро ја победи Сабине Лисицки (Германија) 2:1, по сетови со 3:6, 6:3, 6:1
За трофејот Србинката ќе се бори со Симона Халеп која во полуфиналето требаше да игра со Серена Вилијамс која го предаде мечот поради повреда на коленото.