Бугарија одобри формирање команден центар на НАТО на нејзина територија

Од:

Бугарија дозволи на нејзина територија да биде отворен нов команден центар на НАТО за да се обезбеди источната граница на тој сојуз против евентуална руска „агресија“.

Тоа е еден од шесте центри кој ќе биде поставен со цел да се формираат сили за брза интервенција од 5.000 војници. Пет други нови командни центри треба да бидат во Полска, Романија и балтички држави.

Бугарија забрани нејзината армија да биде под меѓународна команда, но парламентот денеска усвои амандман со кој се отфрла таа пречка. Половина од вработените во тој центар ќе бидат Бугари. Новиот центар за врски на НАТО во местото Горна Малина, на 20 км. источно од Софија ќе биде отворен во крајот на годината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ