САД испратила закани до Германија дека ќе прекине со доставување разузнавачки информации доколку владата во Берлин му понуди азил на Едвард Сноуден или на било кој начин се обиде да му помогне.
Германскиот заменик Канцелар и министер за економија Зигмар Габриел во говор во кој ги пофали новинарите кои што работеле на објавување на архивите на поранашниот американски оперативец кој што откри дека Националната Агенција за безбедност (НСА) шпиунирала во многу земји меѓу кои и Германија.
За Габриел не е во ред што Сноуден е принуден да бара заштита во „автократската Русија на Владимир Путин“ затоа што ниту една друга земја ни му пружила заштита од заканите за апсење во САД.
На настанот на кој Габриел зборувал на оваа тема тој бил запрашан зошто Сноуден не добил таква понуда од Германија на што одговорил: „Тие (САД) ни рекоа дека ќе ги запрат информациите за терористички акции и други разузнавачки прашања“.
Дебатата во Германија на тема дали треба да му се даде азил на Снуден кулиминирала минатата година со поделбата меѓу членовите на Комитетот на бундестагот кој расправаше за шпиунирањето на НСА кои одлучија дека Сноуден не требада биде повикан да сведочи лично за активностите на НСА меѓу кои според медиумите било и прислушувањето на канцеларката Меркел.
Една од причините зошто Сноуден не се појавил пред германските судови е што Германија и САД имаат договор за екстрадиција и доколку тој се појави во Германија земјата има обврска да го испорача на САД.