„Бомбите“ на ПЦЕР ќе пукаат пред Влада, нема пари за стриминг

Од:

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) утре во 11.30 часот ќе одржи мирен протестен марш кој ќе почне од паркиралиштето кај спортската сала „Кале“. Учесниците ќе се движат до зградата на Владата, каде пред присутните и пред целата јавност ќе се обратат повеќе активисти, меѓу кои и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.

На протестот ќе бидат презентирани и нови аудиоснимки „бомби“, кои се однесуваат на изборите во Шуто Оризари, но нема да има директен пренос на интернет.

– Нема да има стриминг, па не сме ние ВМРО, ние сме сиромашна партија. Преку разглас ќе ги пуштаме снимките, нека чуе целиот народ што се случувало во Шуто Оризари – изјави „Мета“ лидер на ПЦЕР Самка Ибраимовски.

Од ПЦЕР ги повикуваат сите граѓани на Македонија, без оглед на нивната верска, партиска и етничка припадност, односно сите што ја поддржуваат вистината и ѝ посакуваат светла иднина на оваа земја, да се придружат на маршот за да се каже „стоп“ на, како што велат од ПЦЕР, оваа нелегитимна и диктаторска власт.

– Особено ги повикуваме Ромите од Шуто Оризари и од Топана да дојдат и да чујат што се случувало на изборите во Шуто Оризари – рече Самка Ибраимовски, претседателот на ПЦЕР.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице