Димевски ја отфрли иницијативата за негова смена

Од:

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) Даниел Димевски денеска ја отфрли иницијативата подесена за негова смена од страна на 22 клуба од причина што „не е во согласност со актите на МКФ и на ФИБА“.

– И официјално ја отфрламе иницијативата поднесена од страна на претставникот на Карпош Соколи, Огнен Дедиќ, придружена со потписи и печати од неколку клубови. Наша оценка е дека е фалсфикат на волјата и желбата на клубовите. Воедно не е во согласност со Статутот и со Деловникот на МКФ, но пред сѐ со актите на ФИБА. Ние сме обврзани во целост да ги почитуваме законите на оваа федерација, рече Димевски на денешната прес-конференција.

Претседателот на федерацијата истакна дека откако била поднесена иницијативата тој бил и во седиштето на Светската кошаркарска федерација и по разговорот со Патрик Бауман добил инструкции на кој начин да се реши проблемот.

– Согласно со препораките, кои се базираат на нормативните акти на ФИБА, добив одговор дека целата ситуација ќе биде прегледана од Спортско-арбитражниот суд на ФИБА. Седум дена по одуката на оваа институција, ако биде позитивна во однос на иницијативата, ќе биде свикано вонредно собрание. Но, ако таа биде негативна, прекршителите ќе бидат казнети. Ако дојде до Собрание, гласањето за новото раководство ќе биде тајно, тоа уште од сега го нагласувам. Но, и ако иницијативата биде прогласена за невалидна, ќе закажам вонредно изборно собрание, но веднаш по завршување на Европското првенство (ЕП) годинава. И тогаш, гласањето ќе биде тајно, истакна Димевски.

Се до моментот на одлуката на спортско-арбитражниот суд и до следното изборно собрание Димевски истакна дека се иззема од сите тела кои се поврзани со лигите и натпреварувањата. Ингеренциите ќе ги преземе потпретседателот на МКФ, Димитар Костадинов.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос