(ВИДЕО) Шекеринска: Лагите на Груевски ги демантираше Шврговски

Од:

Потврдата на поранешниот јавен обвинител Љупчо Шврговски дека неговиот телефонски разговор со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска каде тој ургира за вработување на син на судиjка е точен, за потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска е доказ дека снимките се автентични и не се монтирани како што тврди власта.

Според Шекеринска, Љупчо Шврговски ги побил тврдењата на премиерот Никола Груевски кој упорно тврди дека материјалите се монтирани и снимени од странски служби.

„Изјавата на поранешниот обвинител Шврговски потврдува две работи. Прво тој е еден од најблиските луѓе на врхушката на Груевски кој што потврди дека снимките се автентични. И тој самиот со својата изјава вели дека ниту некој креирал ниту некој монтирал. Тој ја потврди веродостојноста на снимките но во исто време потврди како власта гледала на обвинителството и правосудството. Со неговата изјава се потврдува дека за власта и луѓето околу нив обвинителството било само продолжена рака на извршната власт. Денешната изјава на Шврговски го демантираше Груевски и неговите блиски во сите лаги кои што ги шират сите овие денови. Снимките се автентични и обвинителството функционирало цело време под директен политички диктат“, рече Шекеринска.

СДСМ до јавното обвинителство денеска поднесе 21 кривична пријава против 17 лица. Тие опфаќаат злоупотреба на службена положба, злоупотреба на лични податоци, присилба, фалсификување на исправи, повреда на избирачкото право и злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања.

Шекеринска рече дека не веруваат дека обвинителството ќе постапи согласно правните прописи но нивната идеја е да остават траг и да покажат дека го почитуваат уставот на земјава.

Потпретседателката на СДСМ ги искоментира и бланко оставките и мениците кои ги потпишуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Таа смета дека со ова се губи легитимитетот на собранието кое треба да ја контролира владата оти пратениците се уценети со пишани оставки и меници.

Шекеринска рече дека како опозиција се шокирани од молкот на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов кој според неа требало досега да свика совет на безбедност доколку се слушаат изјавите на Груевски дека во земјава со години ровареле странски тајни служби.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте