Најмалку 55 загинати во три напади врз џамии во Сана

Од:

Најмалку 55 лица денеска загинаа во тројниот напад на бомбаши самоубијци врз две џамии во Сана, во текот на пладневната молитва, во кои се наоѓале  припадници на милицијата на шиитските Хути.

Повикувајќи се на изјави на лекари, француските медиуми пренесуваат дека десетици лица се ранети во нападите.

Една бомба експлодирала во џамијата Бадр, во јужниот дел на Сана, а потоа следела и втора на влезот во џамијата, кога луѓето почнале да бегаат од неа, пренесуваат француските медиуми.

Третиот бомбаш самоубиец ја нападнал џамијата Хашахуш, во северниот дел на Сана.

Експлозиите следеле по вчерашната престрелка во градот Аден, на југот од Јемен, меѓу трупите лојални на сегашниот и поранешниот јеменски претседател. Во овие судири загинаа 13 лица.

Хутите се сојзуници на поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех. Тие од септември минатата година го контролираат главниот град Сана.

Претходно годинава, актуелниот претседател на земјата Абедо Рабо Мансур Хади, кој ја има поддршката на Западот, Хутите го ставија во домашен притвор, но Хади, сепак, успеа да побегне во Аден.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида