Ѓоковиќ без борба во полуфиналето

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без борба се пласира во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс откако неговиот ривал во четвртфиналето Бернард Томиќ поради повреда го предаде мечот.

Негов ривал во полуфиналето ќе му биде Енди Мареј, кој со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4) го победи Фелициано Лопез. Во другите два четвртфинални меча вечерва ќе играат: Милош Раониќ – Рафаел Надал и Томаш Бердих – Рожер Федерер.

Кај жените Јелена Јанковиќ успеа да се пласира во полуфиналето. Нејзината ривалка Лесја Цуренко го предаде мечот поради повредата на скочниот зглоб при водството на Јанковиќ од 6:1 и 4:1 во вториот сет.

Нејзина противничка во полуфиналето ќе и биде Сабине Лисицки која со 2:1 во сетови (6:4; 6:7 (3:7), 7:6 (7:4)) ја совлада ланската победничка на турнирот во Индијан Велс Флавија Пенета.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров