Груевски по Самитот на ЕПП: Добра можност да се соопшти вистината за случувањата во Македонија

Од:

Европските политички лидери во рамки на Европската народна партија (ЕПП), на денешниот партиски Самит во Брисел, лично од премиерот Никола Груевски беа запознаени со, како што рече, вистината за случувањата во Македонија.

Самитот на најголемата и најбројна партија во Европскиот парламент, на кој присуствуваа и европската лидерска двојка Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, германската канцеларка Ангела Меркел, унгарскиот премиер Виктор Орбан, Никола Саркози и други, премиерот Груевски го искористи за неколку неформални средби со присутните од европската политичка елита.

– Темата на Самитот беше поврзана со проблемите што Европската унија ги има со Украина, со финансиските и политичките состојби во Грција наспроти Монетарната унија и теми, исто така, поврзани со случувањата во ЕУ. На маргините на Самитот, имав можност да поразговарам со неколкумина и да ги пренесам информациите од Македонија и она што се случува, за вистината и нашите очекувања и намери за понатаму, посочи премиерот Груевски.

– Беше корисно да се биде тука, не само да се следат европските текови и случувања во врска со покрупните проблеми во Европа, туку и да се искористи можноста да се промовира нашата држава, да се испратат пораки, информации и да се кажат детали што тука не ги знаат и не ги примиле како информации, а со цел да се расчистат работите, додаде Груевски.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески