Директорот на ЈП Паркинзи на општина Центар, Саша Богдановиќ, присуствува на 10-та Национална конференција за паркирање ПАРкон – пролет 2015, која се одржува на Борското езеро.
ПАРкон е настан кој од 2009 година ги собира претставниците на општините, јавниот и приватниот сектор кој се занимава со паркирање и услуги и им овозможува на присутните да ги добијат најновите информации за паркинг индустријата, како во Србија, така и во регионот.
Богдановиќ денес зборуваше за повластените карти, на кој начин функционираат паркиралиштата во централното градско подрачје и за важноста на резидентните улици и џебови на локациите со ограничен паркинг простор.
Тој, на конференцијата ја истакна важноста на организирањето на паркинг местата како прв и најважен услов за функционален паркинг, организиран по светски стандарди и, се разбира, брза ефективна услуга и задоволни клиенти.
Настанот е од отворен тип и е единствената тридневна едукативна манифестација чија цел е преку актуелните теми да придонесе кон унапредување на паркинг индустријата.