Лидерот на СДСМ објави разговор за кој рече дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров кој бара место во Управниот суд за сопругата на неговиот пријател.
– Овој Димитар Трајанов што го ставивме декан, што го направивме, замолува, жена му конкурира за судија во Управен суд. Си зедов обврска, ама не можам да завршам работа.
Јанкулоска бара да и го пушти името, ама иако за овој конкурс е се поделено.
-За некој нареден пушти ми, ќе се склопат коцките.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров
ГЈ: Ало?
НТ: Горде, Нино е, што праиш?
ГЈ: Добро бе Нино. Еве, сурфам малку…
НТ: Сурфаш?
ГЈ: …да видам комуњариве што прават.
НТ: Што прават? Хаха. Ништо, што прават. Зулум. Зулум.
ГЈ: Сеир читам.
НТ: Зулум.
ГЈ: Ти што правиш?
НТ: Горде, знаеш зошто те барам? Овој Димитар Трајанов што ни е, таму у Комисија за ИТ, е сега го ставивме декан на новиот факултет..
ГЈ: Аха.
НТ: ФИНКИ што го направивме, тој на спотот што беше. Не знам дали го знаеш…
ГЈ: Не ми текнува, ама не е битно.
НТ: Е сега, неколку пути ме замолува, жена му конкурира сега таму за судија. Не знам како идат тие работи, он мене ме замолува за судија во тој Управен суд, сега ми пушта дека ќе се одлучувало во среда нешто. Па јас си земав обврска, неколку пати му викав: не се занимавам јас со тоа…
ГЈ: А бе види…
НТ:…не можам да ти завршам работа…
ГЈ:…ја да ти кажам..
НТ: …и он сега ме моли, ме моли. Ми вика те молам само кажи и наша е ептен…
ГЈ: Ај пушти ми го името…
НТ: Вика…пошто е наша, тој е де факто наш, пошто човек у Комисија за ИТ ни е…потпретседател ли што е…
ГЈ: Да де да.
НТ: Е сега, види, ако имате нешто, не знам како да ти кажам…
ГЈ: Знаеш што е работата…
НТ: Чисто партиски ти кажувам…
ГЈ: Реално за овој конкурс многу тешко, пошто више договорени се, поделени се со ДУИ, вака-така, на два дена пред избор е.
НТ: Да де, јасно.
ГЈ: Ама за некој нареден, пушти ми ја да ја знаеме. Знаеш, оти некогаш едноставно ќе се склопат коцките и што се вика некој имал среќа, ама треба да имаш информација во тој момент.
НТ: Да. Ќе му кажам…
ГЈ: Така да, ти во секој случај пушти ми го името.
НТ: Да, ја ќе му кажам. Ја ќе ти го пуштам името…
ГЈ: Ти кажи му, спомав, вака-така.
НТ: Ќе ти ја препратам од него пораката, оваа сега што ми ја пуштил…
ГЈ: Мислам, ја тебе ти кажувам реално како е, за да знаеш, мислам и кога збориш, да имаш осет со каков тон да збориш.
НТ: Да, океј.
ГЈ: Океј Нино. Ајде, поздрав.
НТ: Важи, фала ти Горде. Ајде чао.
ГЈ: Ајде, чао, чао.