(ВИДЕО) Заев: Судиите се запишани под бројче во тефтерчето на Јанкулоска

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес конференција објави снимки од разговори, за кои вели дека се меѓу секретарката на премиерот Груевски и претседателката на Судскиот совет Александра Зафировска, во која Зафировска реферира дека согласно договорот со премиерот ќе распише оглас за судии и претседатели на судови.

Во разговор за кој Заев вели дека се меѓу министерката Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков се покажувало како министерката ги третира судиите, под бројче во тефтер на Јанкулоска по заслуги.

Разговор помеѓу Александра Зафировска и Ленче Самарџиевска

АЗ: Ало?
ЛС: Ало, добар ден.
АЗ: Добар ден.
ЛС: Александра, Ленче е. Сте ме барале, ми кажаа колешките.
АЗ: Да моменат само. (Значи, почекајте ме надвор, сега ќе ве викнам) Вака…
ЛС: Е, да.
АЗ: Се договоривме на минатиот состанок, да го известам Премиерот, кога ќе…ова…распишам оглас, значи, пред да распишам оглас за судии.
ЛС: Добро.
АЗ: Значи, да го известите дека ќе распишам оглас за двајца судии на Апелација Скопје…
ЛС: Добро.
АЗ: За претседател на Основен суд Скопје I, и за претседател на Основен суд Кратово.
ЛС: ….Скопје I и за претседател на
АЗ: ….Основен суд Кратово.
ЛС: Во ред.
АЗ: Значи, ќе следи оглас за овие места.
ЛС: Добро, во ред, ќе го известам.
АЗ: Е така.
ЛС: Добро, благодарам, пријатно.
АЗ: Ајде, пријатно.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ало?
СМ: Горде?
ГЈ: Е? Кажи?
СМ: Само да проверам една работа со тебе. Дали е тоа тачно?
ГЈ: Ајде?
СМ: Вечерва расправаме за судство, за 1-ца, 2-ка, Врховен и Крушево, така?
ГЈ: Да.
СМ: Ништо друго?
ГЈ: Па јас немам ништо друго, другите поминаа, нели.
СМ: Добро. Океј, значи тоа е тоа…
ГЈ: Тие четири, нели…
СМ: Викам нешто да не промашам.
ГЈ: Имаш материјали, така?
СМ: Имам, имам.
ГЈ: Добро. Океј, тие се тие.
СМ: Викам, да не промашам нешто.
ГЈ: Не, не. У меѓувреме ја неам добиено ново плико. Хаха.
СМ: Океј, ајде.
ГЈ: Океј, ајде чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Горде!
ГЈ: Еј, кажи Сашо?
СМ: Блерим ме бара, сака да бираме тројца обвинители на основен суд…на Основно јавно обвинителство.
ГЈ: Е па јас му реков. Он се јавуваше кај мене, и вика: тројцата, ова-она. Викам: неам насока Блерим за таа работа, нели пошто вие целиот пакет го договаравте, викам немам, викам. Ако ти е за брзо, слушни се со Сашо директно.
СМ: Ја, мислам, пошто и онака треба да ги известиме, дај да им ги избереме, пошто у понеделник сакаме да правиме Судски совет, да бираме судии.
ГЈ: Е ако де. Па јас затоа и сакав координација со тебе. Инаку реално таму Сашо немам гимнаситики многу, мора да се од Академија.
СМ: Да де да. Тие што се од Академија и готово…
ГЈ: Така да, кого и да изберат-изберат.
СМ: Само на овој што е од Судскиот совет сеа ќе му јавиме и готово.
ГЈ: Да де да. Кого изберат изберат.
СМ: И нека тераат работа. Океј.
ГЈ: Тоа е, знаеш нема она претходно што сме праеле, веќе не проаѓа.
СМ: Да, да. Добро.
ГЈ: Океј, важи. Ти ќе му јавиш, така? Оти со него ти…
СМ: Ја ќе му јавам.
ГЈ: Важи, поздрав.
СМ: Ајде.
ГЈ: Ајде, чао.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Него да те прашам една работа. Ние кога биравме судии у 1-ца…
ГЈ: Аха
СМ: Имам овдека забележано 72-ка Лидија Петровска. Кој ја предложи неа?
ГЈ: Чекај да видам у тефтерчево…
СМ: Ај види
ГЈ: Сега не ми текнува по името…само да..тука ми е баш на маса, секунда, извини…За 1-ца беше?
СМ: Да, за 1-ца и таму ја избравме. Ја ја видов, мене ми фати око, беше добра. Многу ме интересира кој ми ја предложи.
ГЈ: Сега, сега, јас вртам дур збориме со тебе…
СМ: Да.
ГЈ: По списоциве…2-ка, 2-ка, Апелација…Марфиев закон…1-ца сигурно ми е на крај…еве стасав до 1-ца, само да видам…овде не ми се испозаокружени, а еве уште еден…Лидија Петровска, Сашка ја предложила, 72 број.
СМ: Аха. Сашка?
ГЈ: Еве. Да.
СМ: Добро.
ГЈ: И има и на рака напишано горе самото…нели она ни ги праќа материјалите…
СМ: Да, да, да.
ГЈ: Она има напишано на рака и плус, после тоа кога сме разговарале, значи сме ја штиклирале и уште еден плус и имам стаено, претпоставувам тоа врз основа на дискусијава што сме ја имале меѓу нас. Меѓутоа е од Сашка предложена, и горе на списокот, ти ти го имаш истиот, 72 на рака пишува Лидија Петровска.
СМ: 73 пишува. 72 пишува, а 73 пишува нешто друго.
ГЈ: 72 и 73 нешто друго, не можам да го разберам. А-на ра-до-…нешто
СМ: Ана Рајкова.
ГЈ: Е па ја не го дочитувам тоа Рајкова. Иначе ова е од Сашка.
СМ: Океј, добро.
ГЈ: Тоа е.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Александра Зафировска

АЗ: Ало?
ГЈ: Ало, добро вечер. Здраво.
АЗ: Добра вечер. Здраво.
ГЈ: Ја малку покасно, ама така бев со некои луѓе…
АЗ: Нема проблем.
ГЈ:…што нејќам да ме слушаат со кого зборам и така…
АЗ: Да, да…
ГЈ: Сега вака по на раат ќе се јавам,
АЗ: Да, да. Е вака сега. Денес ми се јави Сашо
ГЈ: Мхм.
АЗ: И ме прашуваше во врска со списоците за изборот на стручни.
ГЈ: Аха.
АЗ: И, ми вика: од кај ти се списоците. Па викам: од таму од каде што беше договорено.
ГЈ: Од партија, да, да, да.
АЗ: Иии, не, вика. Вика: зачекај. Вика: да видам јас. Ама викам: ја она што беше надвор, за Штип, за Битола, тоа си поделив,
ГЈ: Да де да.
АЗ: И му кажав, он ми…дел од нив више даваат решенија, дел постапката ја привршуваат, знаат што-како. Е сега остана проблемот за Скопје, за 1 и 2.
ГЈ: Така.
АЗ: И за Апелација, и за…ваљда Лидија се побунила нешто.
ГЈ: Па најверојатно она, мислам со него има добра релација, ама не е страшно нека ги види, па можда и негде држи тоа што се побунила.
АЗ: Не, не, добро е. Не викам ништо.
ГЈ: Да де да. Со арно што се вика работава да ја тераме.
АЗ: Да, него ова, таму се списоците кај нив и ја треба да идам кај него во понеделник, така да она сега што ќе каже, тоа ќе биде.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски