Лидерот на СДСМ објави разговор за кој кажа дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков од кого бара интервенција во Врховен суд за ранет припадник од 2001 година кој е тужен од МВР.
Јанкуловска бара МВР да го изгуби предметот на Врховен суд за некое “човече“ кое им вршел работа на терен-го цепкал Достоинство на терен, рече Заев.
-Ние сме го тужеле повреден од 2001, имаше еден дел на тужби не можевме да ги повлечеме, тој ни врши работа на терен, достоинство ги отцепува, да го изгубиме спорот на Врховен. Он ги зел парите, шо и да е, говедо да е, Македонец е ранет во војната.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
ГЈ: Втората работа е, една молба до тебе имам.
СМ: Аха.
ГЈ: Има едно човече, аа, Величковски Сашо се вика, ние сме го тужеле, он е сега пензионер…
СМ: Добро.
ГЈ: …повреден у 2001. И сега ние, као на Влада имавме став да повлекуваме тужби…
СМ: Аха.
ГЈ:…сите тие работи, ама имаше еден дел на тужби што не можевме да ги повлечеме, оти веќе се беше завршено.
СМ: Добро.
ГЈ: И човеков, сега пред Врховен му е предметот, практично по наша тужба од МВР, да враќа пари за оштета. Тој исто ни врши многу работа на терен, овие Достоинство ги…им отцепува…
СМ: Што треба да правиме ние?
ГЈ: Да го изгубиме спорот, ние МВР на Врховен.
СМ: Добро. Прати ми број и готово.
ГЈ: Ќе ти пратам бројче, ама да знаеш што е работава. Да не се чудиш кога ќе ти го пратам и….
СМ: Да де да. Прати ми бројче и ќе го изгубиме.
ГЈ: Оти он више знаеш, ги зел парите…
МП: Не кажувај да добиеме, за губење лесна работа.
ГЈ: Не бе па ти, тој ги зел парите и мислам што и да е, и говедо да е, Македонец е, ранет у војната. И да не е ваква работа, а башка ни помага у Паланка ни помогна, кумановско ни помогна, со овие знаеш инвалиди, вакви-такви…
СМ: Кажи му ќе му завршиме работа и готово.
ГЈ: Супер, ти праќам бројче. Толку те барам јас.
СМ: Важи, ајде.
ГЈ: Ајде, поздрав.
СМ: Чао.