Паоло Габриеле, поранешниот собар на папата Бенедикт XVI, осуден за кражба на доверливи документи, казната ќе ја издржува во домашен притвор.
Паоло Габриеле затворската казна од три години колку што му пресуди судот во Ватикан, којашто веднаш беше намалена на 18-те месеци поради неговата претходна неосудуваност и добро служење на Црквата, казната ќе ја издржува во неговиот стан во Ватикан, изјави во саботата за Reuters неговата адвокатка Кристиана Ару.
Ару изјави дека ватиканскиот тужител се согласил на тие услови, откако му беше пресудена затворската казна, којашто доколку требаше да ги одлежи во затворски услови, ќе мораше да биде префрлен во некој од затворите во Италија, бидејжи во Ватикан нема затвор.