Светската тенисерка број 1 Серена Вилијамс (САД) и Романката тенисерка Симона Халеп ќе играат во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс.
Американката во четвртфиналето ја совлада Тимеа Башчински од Швајцарија во два сета со 7:5 и 6:3, додека Халеп во многу неизвесен меч беше подобра од Карла Суарес Наваро (Шпанија) со 2-1, по сетови 5:7, 6:1 и 6:1.
Во преостанатите два четвртфинални дуели вечер ќе играат Јелена Јанковиќ (Србија) против Лесија Цуренко (Украина) и Флавија Пенета (Италија) со Сабина Лисицки (Германија).