„Велт“: Нема окупациски заем од Грција од времето на Втората светска војна

Од:

Нема германски заем во висина од 476 милиони рајхмарки, пишува германскиот весник „Велт“.

Грчкиот весник „Имерисија“ цитира текст во „Велт“ во кој се наведува дека според оригинални документи во архивите на германското Министерство за надворешни работи германски заем во тој износ немало, туку имало само барање за трошоците во врска со нацистичката окупација, што Грција требало да ги преземе.

Станува збор за заем што нацистите ја принудиле Грција да го склучи во 1942 година како „компензација“ за трошоците поврзани со окупацијата на земјата. Федерална република Германија како легитимен наследник на нацистичка Германија го третира проблемот како одамна решен.

Според весникот „Велт“ во папка под број Р27320, што се наоѓа во политичка архива на министерството за надворешни работи, имало документ, во кој се зборува за германски остаток од 476 милиони рајхмарки, од кој се гледа дека нема ниту заем, ниту кредит, туку само една сума што е пресметана во таа висина.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција