Наскоро праќање пари преку „Фејсбук“ порака

Од:

Најголемата социјална мрежа на светот наскоро ќе прикаже нова опција на својата апликација „Фејсбук Месинџер“ со која корисниците ќе може да праќаат пари преку порака.

Со новата опција корисниците постари од 18 години ќе може преку оваа апликација да испраќаат пари едни на други. Според инструкциите испраќањето ќе биде многу едноставно.

За испраќање на пари ќе биде потребно да се вклучи „четот“, да се кликне на иконата долар и да се одреди износот пари што сакате да бидат испратени. На крајот треба да се кликне „Пеј“ и да се избере картичка со која ќе се изврши плаќањето.

Корисникот што треба да прими пари ќе треба само да го вклучи „четот“ и да избере картичка на која сака да ги прими парите.

„Фејсбук“ тврди дека трансферот на пари ќе биде меѓу еден и три дена во зависност од банките. Опцијата ќе биде за почеток достапна само за корисниците во САД во следните неколку недели.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он