Хрватските власти водат истрага против 21 жител на БиХ, членови на две семејства под сомнение дека се обиделе да исперат пари со купување луксузни имоти во Хрватска.
Повеќето од осомничените Босанци живееле во Италија и таму биле осудувани за кражби, принудување деца на питачење, незаконско поседување оружје, измами, киднапирања, па дури и убиства.
На нивните сметки во Хрватска имало околу 5,4 милиони евра кои се префрлени во изминатите седум години.
Хрватските власти соопштија дека ниту еден од нив немал постојана работа ниту пак, извор на приходи, а многумина имаат криминални досиеја во Италија. Двете семејства имале постојан престој во Италија, а неколкумина од нив ја посетувале Хрватска каде купувале недвижен имот во Далмација.