А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Секој трет во Македонија е подготвен да се бори ако земјата е во војна

by А1он18/03/2015 - 16:27117
Share0

Висок процент од 38 отсто од граѓаните на Македонија се подготвени да се борат за својата земја доколку во неа има војна, покажало истражувањето спроведено од Брима Галуп, пренесе Макфакс.

Добивај вести на вибер

Глобалното истражување спроведено во 64 земји од страна на ВИН/Галуп Интернешенел покажува дека 61 отсто од испитаниците би се бореле за својата земја доколку е во војна наспроти 27 отсто кои одговориле дека не би учествувале во одбрана на својата земја, односно тројца од пет би се бореле за заштита на својата земја.

Ситуацијата, пак, во Македонија покажува дека постои значајна разлика во размислувањата споредено со размилувањата на граѓаните од западна Европа, и тоа 38 отсто од граѓаните на Р.Македонија се подготвени да се борат доколу земјата е во војна, наспроти 25 отсто од граѓаните на западна Европа кои би се бореле во случај нивната земја да е во војна.

Разгледувајќи ги земјите од Источна Европа во споредба со земјите од Западна Европа воочлива е значителна разлика во однос на ставовите на граѓаните и тоа двапати повеќе испитаници од Источна Европа (54 отсто) се спремни да се борат за својата земја во однос на граѓаните од Западна Европа (25 отсто). Сепак, најголемата разлика е воочлива кај земјите од MENA (земјите од Среден исток и северна Африка) регионот кои во 83 отсто ја покажуваат спремноста за борба за сопствената татковина.

Истражувањето покажува дека има разлики во спремноста на граѓаните за одбрана на својата земја во нашиот регион: Бугарија е на најниско (25 отсто), па Македонија (38 отсто), Србија (46 отсто), Грција (54 отсто), Босна и Херцеговина (55 отсто) и како најспремни за одбрана на својата земја се граѓаните на Косово (58 отсто).

Интересен податок на глобално ниво е дека 52 отсто од жените испитаници во ова истражување се подготвени да се вклучат во одбрана на својата земја во случај на војна во споредба со 67 отсто мажи. Во Македонија ваква подготвеност покажуваат 33 отсто од жените во однос на 43 отсто од мажите.

Вкупно 62.398 лица биле интервјуирани на глобално ниво. Во Македонија, БРИМА спроведе теренска анкета, лице во лице, во домот на испитаникот, на национално репрезентативен примерок со 1.204 испитаници на возраст 15+ години, во период од 01 – 24 Ноември 2014, со маргина на грешка од +/- 3% со ниво на доверба од 95 отсто.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен