Како дневно се брифирале по колку пазарни, трудови и даночни инспекции да има во Струмица и за релацијата на Јанакиески со Џоко Кличев во врска со откупниот центар Агрокор-посочија од СДСМ и објавија снимка за која рекоа дека е разговор на Миле Јанакиески за Агрокор.
4. Разговор на Миле Јанакиески со соговорник
МЈ: Ѓоко?
С: Здраво министер.
МЈ: Што праиш?
С: Еве баш зборев сега ми се јави на другиот телефон, кога ме бараа, ми се јави овој што е во Бордот на директори во Агрокор, во Хрватска. Денис Спасиевиќ.
МЈ: Аха.
С: Веројатно го познавате, тој е одговорен за овде. Има еден проблем, вчера бевме со вицепремиерот…
МЈ: Знам.
С: И денес имаат едно 10 инспектори таму.
МЈ: А?
С: Десетина инспектори имаат, пазаришни, трудови, даночни.
МЈ: Ако де ако, држава сме контролираме. Речи му пак ти со Заев да работиш. Му ибам мајката у пичка.
С: Овој Хрватот ми вика дека нели, цело време даваме поддршка, јас со Заев никој пат…
МЈ: Многу јака поддршка дава, знаеш каква поддршка дава. Значи прво, Ставревски појде таму, никој немаше. Второ, на камен темелник не не викнаја.
С: Знам, му рече вчера, му рече вчера вицепремиерот, тоа што се случило, како се случило таму, му го спомна тоа. И овој сега Хрватот вика ќе ве дадам во новини, демек така не се работи со фирмите. Пријател ми е, кога доаѓаше тука…
МЈ: Шо че не даде во новини? Зошто му дадовме земјиште по 1 евро? Зошто че не даде? Нема ли контроли у Хрватска тој? Што реагираше…
С: Он сега тоа го користи дека вчера му го кажа тоа Ставревски, нели на него и сега демек, нели за инает е тоа направено, денес да имаат контроли.
МЈ: Вака кажи му низ цела Македонија има контроли, така да, да не се секира.
И кажи му ако соработува со нас, до 5ти јуни ние тоа ќе го почитуваме. А ако не соработува со нас до 5ти јуни, дека ние пак ќе бидеме на власт и ќе го имаме тоа предвид. Така да му кажеш.
С: Да му го дадам Вашиот број на…
МЈ: Не, не, не…не го знам јас тој човек.
С: Раководител на финансии е, таму горе кај Вас е претседателката на Унија на жени.
МЈ: Добро де, океј е.
С: Тања е таму, значи преку Денис, за да има влијание…
МЈ: Луѓе…
С:…тој се струмичани ги набута таму…
МЈ: Види, конторлирана ни е акцијата, така да не се грижи. Ти кажи му несе грижи, ако не поддржуваш на 5ти јуни, ние тоа ќе го почитуваме.