(ВИДЕО) Пиштење, вриштење, што да ти кажам

Од:

СДСМ објави снимки за кои посочи дека се разговори на кои директорот на УЈП, Горан Трајковски се фали за изживувањето врз струмичките дуќанџии и стопанственици кои добиле казни и по 4.800 евра, како Јанакиески се сити дека било: “пиштење и вриштење“, како договараат инспекции во 4 дуќани во Турското маало во Стрмица за време на изборите.

За втората снимка од СДСМ посочија како во притисоците врз струмчани помагал пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Славе Гошев.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Горан Трајковски

МЈ: Ало?

ГТ: Што праите?

МЈ: Добро.

ГТ: Задоволни од ова денеска?

МЈ: Пиштење, вриштење, што да ти кажам.

ГТ: А?

МЈ: Пиштење, вриштење.

ГТ: Ние од 24 колку списокот го дале, 8 казни јаки паднале по 4.800 евра, две затварања, да, кај овие откупувачите за непресметан персоналец при откуп и дуќани. Ама овие ти што ми ги спомињаш 4 дуќана кај Циганите, у тоа Турско маало, тој список никој не им го дава на нашите.

МЈ: Ама не, не. Таму тие се на лице место шо…нема список.

ГТ: Е па што на лице место, ама треба некој да им каже. Ја ги прашувам моите бевте ли во тоа Циганско маало, 4 пиљари што има да ги видите? Не бе вика, никој не не однесе.

МЈ: Ај нека му се јават на Славе на овој, координаторов, нашиов. Да ти дадам број?

ГТ: Имам ја од Славе број.

МЈ: Епа, јави му се, че ти каже.

ГТ: Да, да.

МЈ: Ајде.

ГТ: Друго што сакав да те прашам. Нели ние у неделата кога беше митингот, кај Маријан бевме у контрола, Зоки бараше контрола…

МЈ: Знам, знам.

ГТ: Што се здавиле сега? Бидејќи истата екипа од Скопје ми е таму, да појдат повторно кај него?

МЈ: Ај да зборувам со Зоки, да не направиме беља.

ГТ: Да, оти ја му ѕвонам. Оти сега по втор пат ако му најдеме неправилности, ќе треба пицеријата и да му ја затвориме.

МЈ: Ај да зборам со Зоки.

ГТ: Да, ама стори ми абер, да не ги држам луѓето до сабајле таму.

МЈ: Не, нека појдат на овие, слушни го Славе, и доста му е.

ГТ: Ајде.

МЈ: Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Славе Гошев

МЈ: Ало.

СГ: Значи ми се јави Горан, од УЈП директорот.

МЈ: Знам, ја му дадов број.

СГ: Е па океј, ама сега кои се тие дуќани? Ги имаш ти или ја да ги најдам. Пошто нели…

МЈ: Ти најди ги бе, тие горе што се. Што кажувавте неќни, пред некој ден.

СГ: Океј, важи, сега ќе ги најдам.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски