ВИДЕО: Трошоците за референдум се ситница во споредба со трошокот за барокна фасада

Од:

Одлуката која ќе биде донесена со референдумот за заштита на сегашниот изглед на Градскиот трговски центар ќе биде обврзувачка и ќе мора да се спроведе, без разлика дали тоа во моментов му се допаѓа некому или не, изјави градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, на денешната прес конференција пред ГТЦ.

За да биде успешен на референдумот треба да гласаат 50 проценти плус еден од запишани гласачи на Општина Центар. За ГТЦ да се заштити, треба мнозинството од нив да заокружат „ЗА“ задржување на сегашниот изглед.

Средствата за негово одржување се веќе предвидени и обезбедени во буџетот на општина Центар за 2015 година. Подготовките и одржувањето на референдумот ќе чинат околу два до три милиони денари, но, како што вели Жерновски, тоа е мала сума во споредба со барокната надоградба која се предвидува за комплексот.

– Тоа е навистина мала сума во споредба со тоа колку ќе чини реконструкцијата на ГТЦ. Но она што е најважно е учеството на граѓаните. Мора во оваа држава, во овој град и во оваа општина да почне да функционира институцијата референдум. Што поголемо учество на граѓаните, толку подобри одлуки на политичарите – рече тој.

Даница Павловска од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ рече дека придобивките од референдумот се неприкосновени.

– Финансиските ефекти од референдумот можеби и не се толку релевантни, тие се само еден дел, затоа што знаеме многу добро колку се скапи тие, условно кажано, барокни фасади. Според тоа, она што ќе се потроши за организација и спроведување на референдумот vis a vis она што ќе се вложи во предложената идеја е минорно, не е ни за споредба – рече таа.

На новинарско прашање дали постои можност референдумот да се спроведе на ниво на Град Скопје со цел сите скопјани да се произнесат за ова прашање, затоа што ГТЦ е објект на целиот град, а не само на една општина, Жерновски рече дека очекува во иницијативата да се приклучи и градскиот татко, Коце Трајановски.

– Јас имам надлежност да распишан референдум само на ниво на Општина Центар. Дали градоначалникот на Град Скопје ќе се приклучи? Тоа е добра идеја и зошто да не, јас очекувам поддршка од него – одговори тој.

Пред спроведување на референдумот, прво треба Советот на Општината да одлучи дали да се одржи. Оваа точка ќе биде ставена на Советот на седница која ќе се одржи најдоцна до 30-ти март.

– Се надевам ќе помине на Советот, не гледам причина зошто да не помине. Очекувам глас од сите советници. Ако не се случи тоа имаме втора можност, собирање на потписи од граѓаните како втора можност, но ова е многу подобро, побрзо и поефикасно – рече Жерновски.

 

Маја Васева

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски