ВИДЕО: На 26. април референдум во Центар на кој граѓаните ќе решаваат за изгледот на ГТЦ

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, денеска најави дека на 26-ти април ќе се одржи референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат дали да се зачува сегашниот изглед на Градскиот трговски центар. На тој начин жителите на оваа Општина ќе го дадат последниот збор дали ќе се реализира или не планираната реконструкција која предвидува барокен стил и надоградба во катноста на овој култен објект.

Референдумот ќе трае од 07.00 до 19.00 часот на 26-ти април. Граѓаните ќе одговараат на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар“, така што ќе го заокружат зборот „ЗА“ или зборот „ПРОТИВ“.

– Референдумот претставува најчист, најдиректен, најавтентичен облик на граѓанско дејствување. Референдумот претставува една одлична можност за коректив на сите одлуки кои ги носи власта. Ако тие одлуки од се контроверзни и штетни за граѓаните, тоагаш референдумот претставува тој облик на корекив – рече градоначалникот.

Освен тоа, посочи тој, овој облик на граѓанско изјаснување претставува нивно обединување без разлика на нивната партиска или верска припадност. Референдумот е новитет за оваа средина затоа што, како што рече, никогаш до сега бил одржат референдум на локално ниво во Македонија. За разлика од тоа, додаде дека во Германија годишно се одржуваат над 200 референдуми, додека во Хрватска, како поблиска земја, годишно се одржуваат десетина.

– Ова е нешто што и е многу потребно на Македонија денес затоа што претставува облик на враќање на довербата во системот и во институциите на системот – подвлече Жерновски.

Одлуката на референдумот ќе се смета за донесена ако гласале половина од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список на оваа општина. ГТЦ ќе се заштити по одлука на граѓаните ако за задржување на сегашниот изглед гласале мнозинството излегле да гласаат.

Средствата за распишување на тендерот се обезбедени од буџетот на Општината. Жерновски вели дека се потребни од два до три милиони денари и дека овие пари се веќе испланирани со буџетот за 2015 година.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски