Прајут вети помлку судења на цивили пред воените судови

Од:

Преодниот тајландски премиер и водач на воениот удар, генерал Прајут Кан-ока денеска најави дека ќе издаде упатсво според кое ќе се намали бројот на лицата на кои, според законот за вонредна состојба, сега им судат воените судови.

Најавата на сегашниот лидер на Тајланд доаѓа како реакција на се поголемиот отпор во домашната и меѓународната јавност против зачестените судења за кои обвинетите би требало да одговараат пред цивилен суд.

Според Прајут, воените судови во иднина и натаму ќе судат во случаи кога се смета дека е загрозена националната безбедност. Тоа, најверојатно, ќе значи дека пред воените судови и натаму ќе бидат изведувани лица кои во медиумите и на социјалните мрежи ќе го критикуваат сегашното раководство и работата на преодните институции што треба да го подготват новиот Устав на Тајланд.

Остри критики на сегашната воена управа вчера повторно упати Хјуман рајтс воч, кој се спротистави на апсењето и судењето на четворица жители на Бангкок, кои мирно протестираа против хунтата.

Според законот за вонредна состојба, воведен по државниот удар од мај минатата година, во Тајланд не се дозволени јавни собири со повеќе од пет лица, но четворицата демонстранти беа уапсени и ќе бидат изведени пред воен суд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач