Здружение Библиотека АЛ-БИ од село Бабино во општина Демир Хисар ќе го збогати книжниот фонд на библиотеката со поддршка од Министерството за култура.
– Се предвидува фондот од 20.000 наслови во библиотеката да се збогати со нови, пред се во областа на медицината, биологијата и археологијата. На тој начин дополнително ќе порасне довербата на нашите читатели и посетители, а библиотеката ќе добие дополнителна научна вредност, соопшти АЛ-БИ.
Оваа година првпат ќе се реализира и проект за дизајнирање и изработка на етно сувенири во промотивна функција. Тие ќе бидат направени од различни материјали со што, посочува АЛ-БИ, ќе се поттикне креативноста на локалното население.