Хрватската претседателка Колинда Грабар- Китаровиќ отпатува на службена посета во Германија каде што беше дочекана со сите дражавни почести во седиштето на германскиот сојузен претседател, а потоа оствари средба и со канцеларката Ангела Меркел.
Неа во Берлин ја пречекал германскиот претседател Јоаким Гаук, но она што оваа средба ја прави интересна е „службеното “ракување помеѓу двајцата претседатели.
Во моментот ког таа му подала рака за да се ракуваат, тој нежно ја прегрнал, но дури и го допрел и задникот.
Грабар-Китаровиќ потоа се сретнала и со германската канцеларка Ангела Меркел, од чија што канцеларија е соопштено дека теми на разговорот биле билатералните односи и теми поврзани со Европската унија како и случувањата во југосточна Европа.
Е.Г.