Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала го погоди денеска индонезиското Молучко Море, соопшти американскиот Геолошки завод.

Епицентарот на потресот бил на 134 километри северозападно од градот Коте Тернате, на длабочина од 41 километар под површина на земјата.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту пак е издадено предупредување за појава на цунами.

Индонезија се наоѓа на тихоокеанскиот Огнен појас каде доаѓа до чести потреси на земјата.

Во декември 2004 година во катастрофален земјотрес со интензитет од 9,1 степен и цунами бранови кои следеа, загинаа 170.000 луѓе во провинцијата Аче на островот Суматра.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во близина на Валандово

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер