Шон Рад, претседателот на Медицинската асоцијација на австралиската држава Квинсленд побара донесување забрана за бокс во целата земја, по смртта на 23-годишниот Брејдон Смит, кој почина вчера по бокс меч за титулата првак на Азија.
Смит го загуби мечот од Филипинецот Џон Моралдо во „перо“ категорија ВБЦ верзијата.
Младиот боксер, студент во завршна година по право, му ја честиташе победата на противникот, а по одење во соблекувалната колабира. Два дена беше во а вчера беше исклучен од апарати во болница во Бризбејн.
-Овој таканаречен спорт каде двајца се удираат по глави за нас е варварски чин. Уште повеќе ни е чудно како се забранети удари под појас, а се дозволени во најважниот дел од телото – главата, изјави Рад и побара да се забрани боксот.