Владата ќе потроши милион евра за биографии – меѓу нив и Александар Македонски и Тито

Од:

Маршалот Тито, Александар Македонски, Бизмарк, Петар Велики, Карлос Слим, најбогатиот човек на светот, Атила Хунски се дел од личностите чии што биографии, Министерството за култура, ќе ги подготви за македонските граѓани.

Меѓу 150-те одбрани дела за превод се опфатени биографиите на комунистичките лидери како Тито и Хрушчов, речиси сите американски претседатели, па се’ до животните приказни на основачите на Твитер, на Амазон, на Битлси, Принцезата Грејс и на Агата Кристи.

Во конкурсот се наведени и книги за научници, писатели, режисери, музичари. Меѓу нив две книги за Пабло Неруда, а Владата ќе финасира и две книги за Јосип Броз Тито: „Тито и другарите од Јоже Пирјевец и „Јосип Броз Тито: Илустрирана биографија“ од Фицрој Меклин.

11064351_10205042383232030_1928245553_o

 Се работи за вкупно 150 книги, за кои Министерството за култура ќе потроши речиси 1 милион евра или 57 милиони и 147 илјади денари.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, оваа сума пари, државата ќе ја троши за издавачки и печатарски услуги, а во овие од 930 илјади евра не влегуваат и трошоците за превод на македонски јазик. Според објавениот конкурс книгите ќе се издаваат во текот на три години.

Инаку, Министерството за култура издава и книги за македонски историски личности, во едицијата „Македонски искушенија“.

A. Б.

11074939_10205042383072026_1021480216_o.

Би можело да ве интересира

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

Поетроника, интервју со Митковски и Салпе: Идејата е авангардата да ја направиме мејнстрим

Вечерва официјално се затвори МТФ Денови на комедија Куманово 2025 при што се доделија и наградите

Предраг Петровиќ

Објавен е регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година.

Предраг Петровиќ

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ вечерва го затвора 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, рече Наум Доксевски