Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница го поддржа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трансформација на работниот однос предложен од пратеникот Крсте Мукоски.

Според предлагачот, станува збор за закон со кој ќе се опфати уште една категорија граѓани на кои ќе им се трансформираат договорите во работен однос на неопределено време, а кои имале прекин поради бременост, раѓање и мајчинство.

– Со законското решение кое беше донесено неодамна не беше опфатена оваа специфична категорија лица кои имаа прекин на договорите поради бременост и раѓање, рече Мукоски.

Тој додаде дека во услови кога во Македонија и во светот има катаклизма во демографската слика би било неправедно да не бидат опфатени и овие лица во законот.

Според Предлогот, ќе биде формирана посебна комисија која ќе ги разгледува овие договори составена од членови од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

Членовите на Комисијата го поддржаа предложеното законско решение.

Според Ѓорѓи Коџобашиев, овој Предлог е во насока на напорите на Владата за решавање на најгорливиот проблем – невработеноста.

Јасминка Дамчевска истакна дека овој Предлог ја покажува поддршката на концептот на мајчинство, како и тоа дека буџетот е во добра кондиција.

Овој закон е на дневен ред и на денешното продолжение на собраниската седница.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање