Шарапова и Ѓоковиќ во осминафиналето на Индијан Велс

Од:

Втората тенисерка на светот, Марија Шарапова (Русија) и првиот светски рекет во машка конкуренција Новак Ѓоковиќ (Србија) имаа успешни настапи ноќеска на турнирот во Индијан Велс, САД.

Шарапова во два сета со 6:4 и 6:3 ја победи Викторија Азаренка (Белорусија) во меч од 3. коло.

Таа во следната фаза ќе се сретне со бранителката на трофејот Флавија Панета од Италија која беше поуспешна од Саманта Стосур (Австралија) со 6:4 и 6:2.

Ѓоковиќ до 4.коло стигна по победата над Алберт Рамос (Шпанија) со 7:5 и 6:3.

Следен противник на Србинот ќе биде домашниот тенисер Џон Иснер.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров