ЛДП: Министерството за здравство три месеци е нем сведок на заразата којашто ја шират глувците

Од:

„Maкедонија е под закана од епидемија на туларемија, а Министерството за здравство три месеци е нем сведок на заразата којашто ја шират глувците. Штипскиот и велешкиот регион  бројат десеттина заразени, и кој знае уште колку случаи кои чекаат потврда, а надлежните институции се уште немаат одговор каква вода пијат жителите на овие краишта, дали се хлорира и што ја предизвикала наездата на глодарите“, се вели во писменото соопштениет на ЛДП.

„Либерално-демократската партија, по втор пат, јавно го повикува Министерството за здравство да преземе итни мерки и активности против опасната туларемија. Македонските граѓани, за жал, досега не видоа ништо друго, освен препораки до населението за поголема претпазливост. Епидемиолозите излегуваат на терен и влегуваат  во домовите на заразените откако луѓето ќе заболат. Па нели е тоа предоцна?

Затоа ЛДП апелира Министерството за здравство во координација со Општините и градот Скопје  да извршат дератизација  и дезинфекција во ризичните подрачја, но, и во сите други  рурални и урбани средини кои страдаат од поплавите. Источниот и пелагонискиот регион да имаат приоритет, по катастрофалната состојба којашто поплавите ја оставија зад себе. Очигледно инертноста на Министерството за здравство уште посериозно го става во опасност здравјето на граѓаните“, пишува во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка