Во местото Пелхам во Канада е изградена современа куќа опкружена со овоштарник и пространо лозје.
За изградба на екстериерот и фасадата на оваа куќа, која е во форма на легната латинска буква „V“, се користени бетон, челик и гипс. Поради нејзината необична форма, еден дел од куќата „виси“ на неколку метри над земјата.
Оптималната поврзаност на недворешноста со ентериерот на куќата е постигната со употреба на стаклени ѕидови и прозорци од подот до таванот, што овозможува прекрасен поглед кон околината.
Куќата има пространа тераса со базен, која претставува соврешено место за релакасција, одмор и забава.
Ентериерот е опремен со луксузен мебел и специфична палета на бои, кои создаваат идеален амбиент за опуштање, а металната конструкција, која немерно е оставен видлива, само дополнително придонесува за автентичната и модерна атмосфера.
Во куќата има интегриран систем за прибирање и преработка на дождовницата, која потоа се користи за наводнување на овоштарникот и лозјето, како и за полнење на базенот.