Нема директни угинувања на добиток во поплавените подрачја, ниту оштетени фарми. Само мал дел од добиточната храна, со препораки на стручни лица, е забранет за употреба, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.
Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за новите правила за означувањето на храната, Поповска нагласи дека АХВ веќе ја има целокупната слика за состојбите од поплавите.
– Формиравме свои тимови кои излегоа на терен во сите села и населени места што беа зафатени со поплавите за да ја констатираме фактичката состојба. Притоа е воочено дека не се направени големи штети во делот ветеринарство. Она што е штета во делот земјоделство, е во надлежност на ресорното Министерство, истакна Поповски.