Парламентот на Венецуела одобри специјални овластувања за претседателот Николас Мадуро, кои ги бараше минатата недела, како што наведе, за заштита на мирот, суверенитетот и развојот на земјата пред заканите од САД.
Пратениците го овластија Мадуро во период од шест месеци да може да издава декрети, без потреба истите да бидат потврдени во Парламентот.
Пратениците од мнозинската владејачка Социјалистичка партија истакнаа дека усвојувањето на предлогот е легитимен одговор на американската декларација со Венецуела се дефинира како безбедносна закана и за седум функционери, за кои Вашингтон тврди дека се вмешани во кршење на човековите права за време на минатогодишните антивладини протести, воведени се санкции.
– САД сака да стави шепа на венесуелските ресурси, како што направи и во другите држави, изјавио пратеничката од Социјалистичка партија, Таниа Диаз.
Опозициските пратеници тврдат дека Мадуро го користи дипломатското заострување со Вашингтон за трупање на власта, оправдување на репресиите и свртување на вниманието на граѓаните од економските проблеми.